Кара Делевињ - Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

ФОТО+ВИДЕО | Две години по рехабилитацијата, таа изгледа подобро од кога било: Кара Делевињ се појави на пистата во проѕирен фустан

Британската манекенка Кара Делевињ беше една од ѕвездите на синоќешната модна ревија на „Лореал“ на Неделата на модата во Париз, облечена во црна проѕирен чипкан фустан.

Црниот фустан со долги ракави беше речиси целосно проѕирен, а имаше горен дел што ја следеше линијата на телото како корсет, а имаше и црни набори на колковите.

Во еден момент, додека одеше по пистата, таа ја забележа Ева Лонгорија во публиката, која потоа ја повика да излезе на сцената.

Иако актерката првично одби да го стори тоа, Кара успеа да ја убеди со помош на публиката, а Лонгорија ѝ се придружи на пистата.

Кара Делевињ – Фото: EPA/MOHAMMED BADRA
Кара Делевињ – Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

Делевињ неодамна привлече внимание со своето појавување на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, кога значително го промени својот имиџ, заменувајќи ја русата коса со црна коса со кратки шишки.

Моделот и актерка во последните две години се справува многу подобро отколку порано, кога отворено призна дека е зависна од дрога. Во интервју за „Вог“, таа изјави дека решила да побара помош откако биле објавени фотографии на кои изгледа навистина лошо.

„Во тој момент мислев дека мојот живот е забавен, но на крајот сфатив дека не изгледам добро и дека морам нешто да направам. На некој начин, бев благодарна што тие фотографии беа објавени“, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот