
ФОТО + ВИДЕО | Близначки разделени по раѓањето повторно се соединија по 19 години: Таткото ги продал кога биле бебиња
Близначки кои биле разделени при раѓањето, повторно се обединиле речиси две децении подоцна, благодарение на видео на ТикТок. Можеби еднакво шокантна е необичната приказна за нивната разделба која вклучува дури и синџир на посвојувања на црниот пазар.
Препорачано
Во ноември 2021 година, на Ано Сартанија, 21-годишна жителка на Грузија, пријател ѝ испратил видео на ТикТок во кое имало русокоса жена, која неверојатно личела на неа, објави италијанскиот весник „Ла Република“ (La Repubblica), а пренесува „Њујорк пост“.
Пријателот ја прашал зошто си ја обоила косата во сина боја и во тој момент изненадената девојка истакнала дека тоа не е таа. Надевајќи се дека ќе добие некои информации за нејзината мистериозна двојничка, Сартанија го објавила видеото во група на Фејсбук со надеж дека некој ќе ја препознае.
Секако, нејзините молитви биле услишани, откако пријател на мистериозната жена, близначката подоцна идентификувана како Тако Квитија, ја забележал објавата и ѝ ги испратил на Сартанија нејзините контакт информации. Тие стапиле во контакт преку телефон и ја дознале вистината.
Раздвоените сестри повторно се сретнале пред две години на мостот Руставели во грузискиот главен град Тбилиси.

_amykhvitia
„Секое човечко суштество има свој мирис“, изјавила Сартанија додека размислувала за нивното повторно обединување.
“Кога ја прегрнав, почувствував блискост. Потоа гласот, како веќе да знаев каков глас има”, опишала таа.
Повторното обединување го означило крајот на бизарната сага која започнала 19 години порано на 20 јуни 2002 година, кога нивната родена мајка, Аза Шони, родила близнаци во малото село Кирцки.
За жал, поради компликации по породувањето, мајката паднала во кома. Во меѓувреме, нејзиниот сопруг Гоча Гахарија, со кој веќе имала три деца, долго време бил убеден дека близнаците не се негови и решил нелегално да ги продаде Ано и Тако на семејства кои живеат во различни делови на Грузија.
Како резултат на тоа, Ано отишла да живее во Тбилиси, додека нејзината сестра завршила на 400 километри во Зугдиди, град во западна Грузија. И двете пораснале несвесни за постоењето на другата. Сепак, како и сестрите во филмот „Родителска стапица“ од 1998 година, Грузијките имале слично воспитување.

_amykhvitia
И двете рано почнале со танцување. Всушност, на 11-годишна возраст, двете сестри се натпреварувале на ист танцов натпревар во градот Тако, каде што некои од публиката забележале морничава сличност, но никој не „ги споил коцките“.
Денес, сестрите се неразделни и често објавуваат приказни на Инстаграм за заеднички патувања и други активности, додека носат исти комбинации. Неодамна, двете со исти јакни отпатувале во Лајпциг, Германија, каде живее нивната биолошка мајка.

_amykhvitia
Тие отпатувале таму за да снимат филм за нивниот живот. Тие одбиле да го запознаат својот татко, чија врска ја потврдиле преку ДНК тест.
„Сега да воспостави контакт со нас“, рекла Ано, а потоа додала: „Но тоа никогаш нема да се случи“.
Патем, Ано и Тако се само две од многуте жртви на озлогласените нелегални синџири за посвојување во Грузија, во кои биле продадени 100.000 деца во земјата меѓу 1950 и 2006 година, објави „Ла Република“.