Антонио Бандерас и Никол Кимпел - Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ФОТО + ВИДЕО | Антонио Бандерас го запали црвениот тепих со 20 години помлада девојка: Заљубени како тинејџери

Шпанскиот актер Антонио Бандерас (64) прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција со својата 20 години помлада партнерка Никол Кимпел, а парот блесна додека се смешкаа и позираа пред фотографите.

Антонио Бандерас и Никол Кимпел – Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Бандерас за овој свечен настан избра ненадминат класичен црн смокинг, додека неговата поубава половина изгледаше феноменално во огнен, долг црвен фустан. Никол го комплетираше гламурозното издание со мала црна чанта.

Да потсетиме, Антонио Бандерас и Никол Кимпел се запознаа на Канскиот филмски фестивал во 2014 година, додека тој сè уште беше во брак со Мелани Грифит. Ѕвездата од „Мачорот во чизми“ подоцна објасни дека таа нема никаква врска со неговиот развод.

Инаку, филмскиот фестивал во Венеција започна во среда на 28 август, а во филмската и модната проекција ќе уживаме до 7 септември.

Антонио Бандерас и Никол Кимпел – Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Антонио Бандерас и Никол Кимпел – Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот