Чад од Вардариште/ Фото: Фејсбук

ФОТО | Вардариште со години ги труе скопјани, надлежните неми

Со доаѓање на летото и високите температури, редовно години наназад чад и неподнослив мирис се издига над старата скопска депонија Вардариште.

Депонијата која се наоѓа покрај реката Вардар, во населба Маџари е опасност за здравјето на граѓаните кои живеат во оваа скопска населба но и за здравјето на оние од другата страна на Вардар, од населбите Лисиче и Ново Лисиче.

На социјалните мрежи, се шират фотографии од вчерашниот пожар кој избувна во депонијата каде гореа гуми и ниска вегетација.

Чад од Вардариште/ Фото: Фејсбук

На една од фотографиите се гледа како куќите во населба Лисиче се обвиени со маглив чад, небаре е зима. Жителите се жалат дека поради миризбата се принудени да спијат со затворени прозори среде лето.

 

Надлежните сеуште се неми на поплаките на жителите на овој дел од градот. Иако беше ветена изградба на пречистелна станица на местото на Вардариште сепак таа сеуште не е започната со изградба, па ако не преземе нешто градот, Вардариште уште „долго“ ќе ги труе скопјани.

Пожар на Вардариште, изгорени гуми и ниска вегетација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот