
ФОТО | Ужива во Италија: Ирина Шајк мами погледи во бикини со дезен кој е омилен на многу дами
Руската манекенка Ирина Шајк моментално е на одмор на италијанскиот остров Капри, а за таа пригода одлучи да облече трендовско бикини со точки.
Препорачано
На фотографиите објавени од „Пејџ сикс“, Ирина носеше минијатурно црно-бело бикини со точки. Станува збор за костим за капење од „Долче и Габана“.
Irina Shayk wears trendy polka-dot bikini for summer beach day in Capri https://t.co/2yzzx9GRs8 pic.twitter.com/GRdPo0wycv
— Page Six (@PageSix) August 3, 2025
Шејк е една од многуте ѕвезди кои го прифатија трендот со точки оваа сезона. Кајли Џенер, Пријанка Чопра, Хејли Бибер и Бетени Франкел исто така неодамна го носеа овој дезен.
Irina Shayk Stuns in Polka Dot Bikini on Summer Getaway to Capri https://t.co/gSjCQnOy48
— d-rock trot (@drocktrot) August 4, 2025
Таа го искомбинира бикинито со шапка со цветен дезен и накит, вклучувајќи ланче со крст и синџирче на половината. Руската манекенка се забавуваше на плажа со својата седумгодишна ќерка Леа – која ја доби со поранешниот сопруг Бредли Купер.
39-годишната манекенка минатата недела беше видена во Неапол, Италија, каде што снимаше кампања токму за „Долче и Габана“ со италијанскиот актер Микеле Мороне. Двајцата беа видени како се бакнуваат страсно на улиците, но се разделија штом камерите престанаа да снимаат.
ВИДЕО+ФОТО | Тристан е минато: Клои Кардашијан во прегратка на италијанскиот заводник Микеле