
ФОТО | Украинскa политичарка со калашников во рака: Ќе го искористам доколку е потребно!
Украинската политичарка, Кира Рудик позираше со калашников во рацете и како што откри, планира да го употреби доколку е потребно, и покрај тоа што никогаш претходно не држела оружје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Веќе е 12-ти ден од војната, тренирам по два часа секој ден и сега сум многу подобра. Ќе го искористам доколку е потребно“, рече таа за време разговорот во живо за „N1“.
View this post on Instagram
„Собрав една единица составена од некои војници кои сè уште не се борат. Тие нè учат како да користиме оружје, како да се бориме и штитиме. Сè уште се молам на Бога да не морам да го користам ова оружје, но ќе морам ако влезат во нашиот град. Знаеме што прават Русите со градовите што ги освојуваат, па нема да им го дозволиме тоа“, откри Рудик.
View this post on Instagram
„Сакаме да се одбраниме. Ги испративме нашите деца на западниот дел од земјата. Никогаш не ја сакавме оваа војна, а руските сили кои дојдоа да нè освојат се нешто што сè уште не можам да го сфатам. Затоа бараме од сите наши сојузници да воведат зона на забранети летови над Украина, бидејќи можам да се борам со калашников на земја. Но, не можеме да се заштитиме од воздушните напади“, додаде таа.
View this post on Instagram
Смета дека е можно да се затвори небото над Украина
„Мислам дека е можно и ќе се направи во одреден момент. Сите веќе разбираат дека ова не е само војна во Украина. Се плашам дека ќе воспостават забрана за летови предоцна, кога нема да имаме шанса да победиме. На копно можеме да се одбраниме од нападите, но не можеме ништо да направиме кога доаѓаат од воздух. Таму ни треба помош“, рече таа.
View this post on Instagram
Како изгледа животот под руска опсада
„Замислете како вашиот нормален живот се менува во целост. Одиме во засолниште секогаш кога ќе слушнеме сирени, а тоа е често. Можеме да одиме во продавница, но мораме да бидеме многу внимателни бидејќи војската на Путин напаѓа цивили“, откри таа.
View this post on Instagram
Откри и зошто решила да остане во Киев
„Како пратеник морам да останам таму каде што е народот. Мојата цел е да имаат надеж и да видат дека сум со нив. Без разлика на стравот и грижата, ние ја чуваме нашата татковина. Нашата цел е исправна“, рече Кира. „Планираме да победиме и ќе се погрижиме руските војници никогаш повеќе да не дојдат на нашата земја“, заклучи таа.
View this post on Instagram