
ФОТО | Три години по вселувањето: Млад пар дошoл до неверојатно откритие од Втората светска војна во дворот од куќата
Три години откако се вселиле во својот дом Кетрин Милбурн и нејзиниот сопруг Лиам решиле да го уредат дворот, но немале идеја какво изненадување ги чека. Парот живее со своите две деца во Саутвик, на југот на Англија, а нивното откритие беше во центарот на вниманието, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Имено, во дворот од куќата, под бетонската плоча, откриле бункер од Втората светска војна.

„Средивме околу 60 отсто од дворот, но не најдовме ништо. Потоа решивме да ја отстраниме бетонската плоча под бараката и откривме челични шипки. Тоа ни изгледаше сомнително бидејќи беше премногу за обична просторија“, изјавиле сопственците.
Парот продолжил да копа и наишол на лим, а потоа откриле скали и потонат премин и сфатиле дека во нивниот двор има засолниште од Втората светска војна, познато како бункер „Андерсон“.

Подземната зграда била изградена во Втората светска војна за да ги заштити граѓаните во случај на нацистичко бомбардирање. Засолништата биле изградени на длабочина од приближно еден метар во дворовите на семејните куќи и во нив може да се сместат до шест лица.
За време на Втората светска војна, повеќе од три милиони бункери „Андерсон“ биле изградени низ Британија, но се претпоставува дека само околу петнаесет останале до денес, што го прави нивното откритие уште повредно.

Сопствениците изјавија дека се воодушевени од ова откритие и планираат да го зачуваат бункерот. Прво ќе ја испумпаат водата, ќе го исчистат бункерот и ќе постават осветлување.
„Дефинитивно ќе го документираме секој детал. Нашите деца се возбудени, а нивното училиште нè информираше дека сакаат учениците да нè посетат. Ќе имаат можност да научат нешто од историјата3, рекла Кетрин.