Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Транспарент посветен на Северина на протестите во Србија: Пејачката гази на сендвич со високи потпетици

Студентите во Србија кои изминативе неколку месеци ги блокираа своите факултети, деновиве повикаа на генерален штрајк, а по тој повод огромен број граѓани се одзваа на нивниот протестен марш вчера.

Покрај многу енергија и одлучност, тие со себе понеле и транспаренти, кои како и секогаш биле многу креативни.

Еден транспарент на протестот во Зрењанин ја воодушевил хрватската пејачка Северина Вучковиќ. Имено, еден од учесниците на постерот напишал „Севе е со тебе“ и додал цртеж од пејачката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Заедно со тој постер, се појавил уште еден транспарент со натпис „Бидејќи тревата сè уште не никна таму каде што застана твојата потпетица“ (Jer još trava nije nikla tamo gdje je stala tvoja štikla) – инаку, парафразиран текст од нејзиниот хит „Моја штикла“, а на кој се гледа како пејачката гази на сендвич со својата потпетица.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Северина ги споделила транспарентите на својот инстаграм-профил.

Севе од самиот почеток ги поддржува белградските студенти во нивните блокади против власта.

„Благодарам за сè, држете се, чувајте се. И сигурно ќе дојдам што е можно побрзо, се надевам. А и вие знаете дека ќе дојдам. Ве сака Севе“, неодамна им испратила дури и видеопорака. Северина им ја посветила и песната „Тако ти е сине мој“, а тие ја посетија во Сараево кога настапи на дочекот на Новата година.

ВИДЕО | Северина одржа новогодишен концерт во Сараево пред 55.000 луѓе: Им испрати порака на белградските студенти

ФОТО | Северина на Малдиви ја чита книгата на Ведрана Рудан во која пишува за нејзиниот скандал на јахтата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот