Фото: Инстаграм/Џиџи Хадид

ФОТО | „Толку сум среќна што имам 30“: Џиџи Хадид ја потврди врската со Бредли Купер со објава на Инстаграм

Манекенката Џиџи Хадид (30) јавно ја потврди врската со дваесет години постариот актер Бредли Купер (50), повеќе од една година откако почнаа да се гледаат.

Сега, нивната романса доби и официјална потврда на социјалните мрежи – Хадид објави галерија фотографии од својот 30. роденден, меѓу кои и една на која таа и Купер се бакнуваат.

„Се чувствувам навистина среќна што наполнив 30 години! Благодарна сум за сите подеми и падови, за сите лекции и дарови што ми ги донесоа.

Среќна сум што сум мајка, пријателка, партнерка, сестра, ќерка и колешка на некои од најневеројатните луѓе!“, напиша Хадид на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Џиџи Хадид
Фото: Инстаграм/Џиџи Хадид

Роденденската забава се одржа на 25 април, во елитниот њујоршки ресторан „L’Avenue at Saks“, а на неа присуствуваа нејзините родители Јоланда и Мухамед Хадид, сестра ѝ Бела, како и познати личности како Ен Хатавеј, Вил Арнет, Тан Франс и Рози Хантингтон-Вајтли.

Фото: Инстаграм/Џиџи Хадид
Фото: Инстаграм/Џиџи Хадид
Фото: Инстаграм/Џиџи Хадид

Прославата следеше нешто повеќе од еден месец откако Хадид за првпат зборуваше за својата врска со Купер во интервју за модното списание „Вог“, потврдувајќи дека љубовната приказна започнала во 2023 година.

„Нашата врска е многу романтична и исполнета со среќа. Важно е да знаеш што сакаш и што заслужуваш во една врска, а уште поубаво е кога ќе најдеш некој што е во иста животна фаза како тебе“, изјави таа тогаш.

Додаде и дека и двајцата работат на себе за да бидат што подобри партнери: „Едноставно се чувствувам – среќно. Да, ‘среќно’ е вистинскиот збор“.

Во објавата таа не ја изостави ни својата четиригодишна ќерка Каи, која ја има од поранешниот партнер, пејачот Зејн Малик. Сподели фотографија од нивна заедничка прошетка и им се заблагодари на фановите за поддршката: „Благослов е да се чувствуваш толку сакано! Почестена сум што зачекорувам во нова деценија.

Фото: Инстаграм/Џиџи Хадид
Фото: Инстаграм/Џиџи Хадид

ФОТО | Бредли Купер и Џиџи Хадид страсно се бакнуваат на јахта во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот