фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ФОТО | Тимот на најскапите фудбалски трансфери ова лето вреди скоро 900 милиони евра

Летото 2025 година е едно од најинтересните во историјата на фудбалот. Покрај вртоглавите цени, имаше многу пресврти, сапуници што завршуваа во „пет до 12“.

Но, она што е сигурно е дека ова лето паднаа и најголемите трансфер „бомби“ низ Европа. Во продолжение дознајте кои се најголемите и најскапите засилувања на ова лето, по позиција.

Верувале или не, овој состав вреди дури 879.000.000 евра, и тоа без потенцијални бонуси!

Кога ќе се додадат потенцијалните бонуси, овој тим чини над 900.000.000 евра. Останува да се види кое од овие засилувања на графиконот ќе се покаже како најдобро.

Александер Исак е третиот најголем трансфер во историјата на фудбалот, Швеѓанецот за 144 милиони евра од Њукасл се пресели во Ливерпул. Пред Исак се само Нејмар кој од Барселона во ПСЖ дојде за 222 милиони евра и Килијан Мбапе кој за 180 милиони евра го облече дресот на ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!