
ФОТО | Теа Таировиќ во преграткa на Здравко Чолиќ! Пејачката блеска од среќа, сите се прашуваат само едно
Популарната српска пејачка Теа Таировиќ ги шокираше своите следбеници со објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Препорачано
Теа сподели фотографија на која е во прегратка на најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ, а во описот на истата стави срце и симболично круна, сигурно алудирајќи на тоа дека Чола е музички крал.
Теа не прецизирала на фотографијата каде се сретнале и дружеле, а судејќи според неколкуте снимки на социјалните мрежи, станува збор за приватна прослава во Црна Гора. Двајцата биле ангажирани на прославата, а гостите ги распаметиле кога ги вкрстиле гласовите и заедно испеале дуетска песна.

Меѓутоа, обожавателите веќе направија метеж на социјалните мрежи, бидејќи се шпекулише дека Чолиќ би можел да биде еден од нејзините гости на претстојните концерти во Арената во Белград.
„Ве молам кажете ми дека тој е гостин во Арена“, „Нешто се готви“, „Многу скапа фотографија“, „Можеби Чола ќе биде гостин во Арена и тоа сигурно ќе биде друг еден ден кога јас не одам“, „Чола гостин во Арена, ви велам“, се само дел од бројните коментари.
Инаку, Теа и Здравко се во добри односи и одамна се познаваат.
– Тие се долго време се во исклучително добри односи, но таа за тоа не зборуваше јавно ниту тоа го истакнуваше. Постои реална шанса тој да се појави како специјален гостин, што би го зачинило нејзиниот спектакл што го подготвува – истакнува изворот за српска „Република“, алудирајќи на двата концерти кои Теа ќе ги одржи во белградската Арена.