Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Тантела и црвени високи потпетици: Дуа Липа во секси издание ја дочека 2025 година

Дуа Липа (29) се збогуваше со 2024 година во комбинезон од тантела со долги ракави од колекцијата пролет 2025 година на „Валентино“, која дебитираше на модната недела во Париз во септември.

Имено, пејачката објави низа фотографии од последните денови од минатата година, на која носи комбинезон од тантела со цветни мотиви, а модната комбинација ја комплетираше со црвени високи потпетици.

„Последните денови од 2024 година“, напиша Дуа покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)


Во коментарите обожавателите помалку обрнаа внимание на нејзината комбинациа, а повеќе на новиот прстен што го носи, откако се прошири веста за нејзината свршувачка со момчето Калум Тарнер (34) со кој е во врска една година.

„Покажи ми го прстенот“; „Да го видиме тој прстен, кралице“, се само дел од коментарите.

За потсетување, пејачката неодамна на Инстаграм сподели серија фотографии на кои покажа како ги поминала празниците со семејството и нејзиното момче, британскиот актер Калум Тарнер (34). На една фотографија фановите забележаа дека 29-годишната пејачка носи дијамантски прстен на левата рака.

Извори блиски до парот изјавија дека Липа и Тарнер се „многу заљубени“ и дека сите нивни пријатели се среќни што актерот ја запросил пејачката.

ФОТО | Дуа Липа се сврши: Пејачката објави слики од празниците и го покажа дијамантскиот прстен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот