Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

ФОТО | Строга диета или естетска операција? Ким Кардашијан шокираше со бизарно тенката половина

Ким Кардашијан повторно привлече внимание со својот неверојатно тесна половина во уште една впечатлива модна комбинација, пишува „Дејли Мејл“.

И секако, шпекулациите повторно започнаа – дали е прашање на генетика, тренинг или естетска операција, која таа упорно ја негира со години.

На фотографиите кои се појавија во јавноста нејзината половина беше во фокусот додека Ким носеше црн краток топ и тесни хеланки. Таа беше во Лос Кабос со својата ќерка Норт за да го прослави нејзиниот роденден, а им се придружи и нејзината братучетка Пенелопе Дисик.

Пред седум години, Ким Кардашијан се пофали дека нејзиниот струк е широк 61 см, а колковите 99 см, а пред три години откри дека ослабела 9,5 килограми за да „влезе“ во фустанот на Мерилин Монро за Мет Гала.

Уште во 2018 година, Ким се пофали дека, благодарение на нејзиниот тренер во тоа време, Мелиса Алкантара, успеала да го намали струкот и да ги задржи колковите.

„Седнувам на луда диета. Пребарував на Инстаграм и оваа бодибилдерка ми се воодушеви – се здебели 30 килограми за време на бременоста, а сега нејзиното дете има шест години и изгледа неверојатно дефинирано. Мелиса е тренерката што ја најдов. Таа навистина ме инспирира и сакам да ја запознаам за да видам дали може да ме тренира. Можеше да ми помогне со исхраната и да ме води по вистинскиот пат. Да бев барем 10 проценти како неа, тоа ќе ми го промени животот. Особено рацете и грбот. Сè е во исхраната. Морам да го пробам“, рече Ким во 2017 година.

Претходно, таа призна дека ослабела 7 килограми за три недели затоа што ги исфрлила јаглехидратите и шеќерот. Таа изјава привлече многу критики поради пораката што ја испраќа таквата трансформација.

„Го гледав тоа како улога. Навистина сакав да го носам тој фустан. Беше многу важен за мене. Всушност ми откри многу за моето здравје и начин на живот – и оттогаш продолжувам со многу здрава исхрана“, рече Ким во тоа време.

Нејзиниот татко би бил горд: По шест години Ким Кардашијан конечно дипломираше на правен факултет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!