Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ФОТО: Страотна сообраќајка кај Скопје Сити Мол, судар на две возила
Страотна сообраќајка претпладнево околу 10.30 часот се случи на булеварот „Партизански одреди“ на раскрсницата кај Скопје Сити Мол.
Препорачано
Се работи за судар на патничко моторно возило со возило на брзата помош по што тоа удрило во семафорот на раскрсницата во правец кон Центар. Нема повредени во оваа сообраќајка.
Сообраќајка кај Сити мол/Фото: Слободен печат


Возилото на итната помош учествувало во сообраќајката и најверојатно се судрило со патничкото возило.
На Партизанска останаа расфрлани делови од патничкото возило по ударот во семафорот.
На местото на несреќата пристигна и полиција и екипа на МВР ќе ги утврдува причините на несреќата.
Оваа сообраќајка се случи на местото каде смртно настрада како пешак 24-годишната Викторија Николова во јануари минатата година.
Токму на пешачкиот кај Сити Мол тогаш стои спомен плоча за загинатата девојка поставена од нејзиното семејство како предупредување за последиците од брзото возење на оваа раскрсница и непочитување на сообраќајните прописи и прилагодувањето на брзина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
19мин
-
24мин
-
30мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5