(ФОТО) Стотици луѓе се собраа на плажата јужно од Појасот Газа, обидувајќи се да добијат помош која им се доставува од воздух

Фото: Твитер

Неколку авионите со помош за цивилите во Газа исфрлија стотици кутии во близина на Рафах и Кан Јунис, каде стотици Палестинци се собраа да се обидат да земат дел од помошта што „паѓа од небото“.

Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Франција исфрлија тони хуманитарна помош над Газа, соопшти египетската војска.

Најголем дел од хуманитарната помош за Газа оди преку граничниот премин Рафа со Египет.

Обединетите нации соопштија дека 138 камиони со помош влегле во Газа во вторникот.

Групите за помош рекоа дека се соочиле со тежок процес на инспекција што дозволува само мал дел од помошта да влезе, дури и кога имало зголемени потреби.

Израел вели дека инспекциите се потребни од безбедносни причини.

Агенциите на Обединетите нации и хуманитарните групи велат дека тековните непријателства, одбивањето на израелската војска да ја олесни испораката и нарушувањето на редот во Газа го отежнуваат носењето витална помош за поголемиот дел од крајбрежната енклава.

Светската програма за храна минатата недела соопшти дека ја прекинала испораката на храна во изолираниот северен дел на Газа, каде што Агенцијата за деца на ОН вели дека секое шесто дете е акутно неухрането.

Извештајот на ОН во декември покажа дека четвртина од 2,3 милиони луѓе во Газа гладуваат.

Во израелската офанзива во Газа загинаа повеќе од 29.700 луѓе, повеќето жени и деца, според Министерството за здравство во Газа, управувана од Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот