Фото: Christian Ender / imago stock&people / Profimedia

ФОТО | Стотици илјади луѓе учествуваа на техно парадата во Берлин: 600 медицински интервенции и 21 полицаец повреден

Берлинската техно парада „Рејв д Планет“ (Rave the Planet) била „во голема мерка мирна“, соопшти полицијата во неделата, еден ден откако стотици илјади луѓе излегоа на улиците во главниот град на Германија за да ја прослават културата на електронската музика, јавува германската новинска агенција ДПА.

Портпаролката на полицијата рече дека се поднесени 56 кривични пријави за кривични дела, вклучително и сексуални напади и насилство, додека евидентирани се 29 административни прекршоци.

Вкупно 21 полицаец се здобил со повреди во текот на парадата, која се движела низ паркот Тиергартен во центарот на Берлин помеѓу Бранденбуршката порта и Споменикот на победата.

Во услови на високи температури, медицинските служби лекувале околу 600 луѓе од проблеми – од мали исекотини до проблеми поврзани со алкохол и дрога, вклучително и напади.

Бројката била поголема од минатогодишните 500 интервенции.

Фото: snapshot-photography/F Boillot/S / Shutterstock Editorial / Profimedia

Организаторите очекувале 300.000 луѓе да присуствуваат на поворката, со 30 парадни пловила и околу 300 музичари.

Полицијата не дала прецизна проценка за бројот на учесниците, но рекла дека „стотици илјади“ се приклучиле на забавата.

Настанот „Rave the Planet“ за првпат го покрена во 2022 година д-р Моте, диџеј кој помогна да се основа познатата „Парада на љубовта“ во 1989 година.

„Парадата на љубовта“ беше голем годишен фестивал на техно музиката и демонстрација што заврши по смртоносниот метеж во западниот град Дусибург во 2010 година.

Д-р Моте повторно бил присутен во саботата, зборувајќи ѝна публиката дека љубовта е посилна од омразата и насилството.

Фото: Christian Ender / imago stock&people / Profimedia

Германската министерка за култура Клаудија Рот, исто така, испратила аудиопоздрав до насобраните, во која изјавила дека „техното е повеќе од само бучава“ и дека е фундаментален дел од културната сцена во Берлин.

– Рејвот не знае за потекло, пол и за социјален статус – рекла Рот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот