„Летечкиот“ Македонец Игор Стефановски триумфираше и во Хрватска/фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

ФОТО: Стефановски е во игра за шампионската титула, победа и рекорд во Швајцарија

Нов голем успех оствари Игор Стефановски во рамките од европскиот шампионат на ридски – брзински патеки. Македонскиот автомобилист доминираше во групата „3“ и постави рекорд на трката во Швајцарија со својот „хјундаи“.

На трката во Сент Урсане ја запиша третата победа оваа сезона и повторно е во игра за титулата. Со вкупно време од 04:16.033 на двете трки беше најбрз во својата група на возачи, трет во првата категорија и 12-ти во целокупниот пласман на различни конкуренции.

Иџе ја сподели радоста преку социјалните мрежи:

– Ова е Македонија, ова се вистинските Македонци. Благодарам на сите што дојдовте да ме бодрите – напиша нашиот автомобилист.

Потсетување дека во оваа конкуренција Стефановски беше шампион во 2014 и 2015 година.

Во генералниот ранкинг во категоријата на затворени автомобили, во групата „3“ води Антонино Миљуло со 134 бодови, а Македонецот има 123. До крајот на сезоната треба да се возат уште трките во Словенија и Хрватска каде што Иџе ќе го даде максимумот да дојде до нови победи и се обиде да стигне до тронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!