ФОТО | Спектакуларно шоу на „Шанел“: Манекенките ја претворија улицата во Манчестер во модна писта

Модна ревија на „Шанел“ во Манчестер / Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Познати личности, манекенки и неколку стотици светски лица од модата се собраа на улица во Манчестер, Англија, за да ја погледнат модната ревија на францускиот луксузен бренд „Шанел“. Манекенките ја претворија улицата во модна писта за престижната модна ревија, пишува „Би-би-си“.

Актерите Кристен Стјуарт, Хју Грант и Тилда Свиндон беа меѓу ѕвездите на улицата „Томас“ во северниот дел во градот, како и режисерката Софија Копола.

Кристен Стјуарт / Фото: Oli SCARFF / AFP / Profimedia

Манекенките, вклучително и Карен Елсон од Манчестер, ја искористија улицата како модна писта, со мешавина од популарните барови и традиционални продавници кои го надополнија шоуто „Матиерс д’арт“ (Metiers d’Art).

Манекенките и гостите беа заштитени од поројниот дожд со монтажен покрив кој беше поставен на улицата специјално за оваа пригода.

Хју Грант / Фото: Oli SCARFF / AFP / Profimedia

Модните експерти беа изненадени дека Манчестер е изборот за ова спектакуларно шоу на „Шанел“. Но, претседателот за мода на компанијата, Бруно Павловски, рече дека тие биле привлечени од „креативната енергија“ и музичката историја на градот.

Модната ревија ги вклучи познатите бендови од Манчестер, како што се „Д фол“ и „Њу ордер“ како и познати хип-хоп имиња, користејќи ја нивната музика во позадина.

Тилда Свиндон / Фото: Принтскрин / BBC / Getty

Меѓу 600-те присутни гости беа и актерите Џена Колман, Калум Скот Хауелс, Гугу Мбата-Роу и Луси Бојнтон.

Во изминатите две недели, пабовите и продавниците околу оваа улица беа затворени откако компанијата започна со својата организација. Луксузниот бренд „Шанел“ ги компензираше бизнисите поради нивното затворање, но не откри колкава сума потрошиле во градот.

Модна ревија на „Шанел“ / Фото: Принтскрин / BBC / Getty

Советникот Лутфур Рахман, член на кабинетот на Манчестер за култура, исто така не сакаше да каже колку платила компанијата, но рече дека таа „инвестирала во градот“ и дека настанот ќе и помогне на локалната економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот