Спортисти на Олимписките игри во Париз - Фото: Инстаграм

ФОТО | Совршени мускулести фигури: Спортисти на Олимписките игри во Париз кои ги распаметија жените во светот

Освен што освојуваат медали, овие спортисти ги освојуваат и срцата на бројните женски навивачи. Тие привлекоа погледи со својот атрактивен изглед, а некои од нив особено се истакнаа последните денови.

Италијанскиот пливач Томас Чекон е светски рекордер на долга патека на 100 метри грбно и на кратката патека на 4х100 метри слободно. Во понеделникот освои златен медал во пливање на 100 метри грбно.

Томас Цекон – Фото: Инстаграм/ ceccon_thomas

Аурел Беновиќ има 24 години, а во 2020 година беше европски вицешампион. Сега тој се квалификуваше за Игрите во Париз благодарение на вежбите на подот.

Аурел Беновиќ – Фото: Инстаграм/ aurelbenovic

Рајан Марфи, американски пливач, е познат по своите исклучителни вештини на грбно пливање. Има освоено четири олимписки златни медали и соборено неколку светски рекорди.

Рајан Марфи – Фото: Инстаграм/ryan_f_murphy

Мет Андерсон е американски професионален одбојкар. Тој е бронзен медалист на Олимписките игри во Рио 2016 и Светските првенства 2018, Светската лига 2014 и Светскиот куп 2015.

Мет Андерсон – Фото: Инстаграм/ mja5041

Алекс Рангиери, италијанска одбојкарска ѕвезда се натпреваруваше на Летните олимписки игри во 2016 година. Неговото атлетско тело го привлече вниманието на многу девојки.

Алекс Рангиери – Фото: Инстаграм/ alexranghieri

Светскиот и олимписки рекордер, пливачот Леон Маршанд на долга индивидуална патека 400 метри  и француски рекордер на долга патека 200 метри поединечно, 200 метри пеперутка и 200 метри градно, на ОИ во Париз ја освои титулата олимписки победник на 400 метри мешано, а воедно постави и нов олимписки рекорд во таа дисциплина.

Леон Маршанд – Фото: Инстаграм/ leon.marchand31

Николо Мартиненги е италијански пливач и актуелен олимписки шампион на 100 метри градно. Покрај златото, со својот изглед освои и многу срца на женската популација.

Николо Мартиненги – Фото: Инстаграм/ nicolomartinenghi

Артур Нори Ојакава Маријано е бразилски уметнички гимнастичар. Тој се натпреваруваше на Светското првенство во уметничка гимнастика во 2015 година.

Артур Нори Ојакава Маријано – Фото: Инстаграм/ arthurnory

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот