
ФОТО | Софија Јанева за мајчинството: „Понекогаш уморна и несигурна, но секогаш горда што сум мајка“
Една од најследените македонки на социјалната мрежа Инстаграм, инфлуенсерката Софија Јанева, е од оние жени кои често јавно зборуваат за предизвиците на мајчинството.
Препорачано
Иако поминува низ различни фази, како физички така и емотивни, особено откако неодамна стана мајка, Софија и овој пат, по повод 40 дена од раѓањето на нејзината ќеркичка ги сподели своите искуства со следбениците.
Под фотографиите на кои е со својата ќерка, таа го сподели 40 дневното искуство. Уморна, несигурна но секогаш среќна што е благословена да биде родител, Софија откри дека ниту една непреспиена ноќ не е премногу долга сѐ додека го гледа тоа мало лице.
– 40 дена со моето новороденче. 40 дена исполнети со неизмерна љубов, радост и предизвици кои ме направија да се чувствувам посилно отколку што некогаш сум мислела дека можам да бидам. Понекогаш уморна, понекогаш несигурна, но секогаш горда што сум мајка. Погледите на моето бебе, неговите насмевки и звуци ми го загреваат срцето на начин кој не можам да го опишам со зборови. Ниту една ноќ не е премногу долга кога го гледам тоа мало лице и знам дека ја правам најважната работа во животот. Бебињата растат толку брзо, а ние како мајки сме сведоци на тие неверојатни први погледи, први насмевки, први гласови. Моментално за мене (како љубител на патувања што не сакаше да се прибере дома), никаде нема подобро место од дома, покрај моето бебе. Секој момент со моето бебе е подарок. 40 дена, и уште многу повеќе пред нас.
View this post on Instagram