Фото: Принтскрин / Фејсбук

ФОТО | Снеже Велков го прослави 43. роденден и си посака: Да ми врти бројчаникот уште долго!

Македонската водителка Снеже Велков со години е посветена на здравиот начин на живот и тоа честопати го покажува на социјалните мрежи. Таа е една од нашите познати личности која не ги крие годините како што обично прават познатите ѕвезди.

Снеже е горда на своите години, а доказ за тоа е нејзината последна објава.

Имено, водителката го слави својот 43. роденден, а на социјалните мрежи сподели фотографии со торта и свеќички со бројот 43. Покрај фоторагфиите таа објави и хумористична порака дека сепак годините се бројат.

„Не се броеле годините?
Море се бројат, море се зборат море се слават и ДА, се важат.
И од напред и од позади.
Се важат бе и од левиот и десниот профил
Се важат бе и со вишок и со мањак килограм.
Се бројат и со и без бели влакна.
Се рачунаат и со новата и со старата лична карта.
Се рачунаат дечки и по зимско и по летно сметање на времето.
Се важат дечки и со свиснати гради и тазе белени заби.
Се рачунаат и ако полудиш и ако останеш нормален.
И ако станеш попаметен и ако отупавиш
И ако се разубавиш И ако тро огрдиш
Се бројат море и се слават!
Оти се додека се бројат значи жива си.
43 се овие моите и со римски XLIII.
И од денес ставаме запирка за да броиме пак.
43,
Да ми врти бројчаникот уште долго!
Да ми живеат бројачите на годините“, напиша Снеже.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот