
ФОТО | Скандал со Евровизија! Норвежаните гласаа за Хрватска, а гласот отиде во корист на Израел, медиумите ги објавија сите пораки
Невообичаена ситуација се случи во текот на првата полуфинална вечер на Евровизија 2025 во вторникот – кога некои гледачи од Норвешка се обидоа да гласаат за хрватскиот претставник Марко Бошњак, добија СМС-порака во која се вели дека гласале за Израел.
Препорачано
Норвешките медиуми синоќа објавија дека некои Норвежани, кои сакале да гласаат за хрватскиот претставник Марко Бошњак во првата полуфинална вечер на Евровизија, добиле порака во која пишува дека гласале за – Израел.
– Ви благодарам што гласавте за Израел! Можете да гласате само 20 пати, па ако ви се допадна настапот, гласајте повторно! Уживајте во Евровизија 2025! – стоело во пораката што ја добиле.
– Гласав во вторник вечерта за број 14 на Евровизија, но наместо во пораката да ми пишува дека гласав за Хрватска, пишуваше дека сум гласал за Израел – рекол еден од читателите на порталот ВГ.
According to VG; if you voted for number 14 and Croatia, the reply was that you voted for Israel instead.. 🤨 #eurovision pic.twitter.com/32EO77MXJ6
— Eurovision Norway (@euroviNOR) May 13, 2025
Израел не се натпреваруваше синоќа, па нивната претставничка ќе настапи во втората полуфинална вечер која ќе се одржи в четврток.
Околу пораката се огласи и Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
– Нашиот партнер за гласање потврди дека гласовите се валидни во сите земји што учествуваа во првото полуфинале оваа година. Некои гласачи во Норвешка примија неточна порака во текот на гласањето, но гласовите за сите земји беа правилно регистрирани и тоа не влијаеше на резултатот – соопштиле тие, пренесува „Дагбладет“.
Инаку, хрватскиот претставник не се пласираше во финалето, кое е в сабота. Од 15-те изведувачи кои се натпреваруваа во првата полуфинална вечер, 10 од нив продолжија, а тоа се базираше исклучиво на бројот на гласови од публиката. Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина повторно ќе се натпреваруваат во финалето.