Крис Нот во серијата „Сексот и градот“ / Фото: Profimedia

ФОТО | Сите жени беа луди по него: Актерот што го глумеше главниот заводник во „Сексот и градот“ е непрепознатлив!

Крис Нот, познатиот актер од серијата „Сексот и градот“ („Sex and The City“), беше забележан во опуштено издание за време на ретко појавување со своето семејство, сопругата Тара и нивниот петгодишен син, при посета на „Јуниверзал студиос“.

Со бела кошула, фармерки, седа коса и запуштена брада, тој изгледаше далеку од својот препознатлив лик, шармантниот Ѕверка во елегантно одело.


Нот се повлече од јавниот живот откако беше обвинет за сексуално злоставување, што доведе до губење на сите негови професионални ангажмани. Во декември 2021 година, заедно со сопругата, присуствуваше на премиерата на продолжението на серијата „Сексот и градот“ со наслов „И туку-така…“ („And Just Like That…“), каде што повторно ја одигра својата славна улога.

Меѓутоа, само една недела подоцна, се појавија обвинувања против него. Пет жени тврдеа дека бил насилен, а некои изјавија дека често се движел низ барови и се обидувал да допира жени.

И покрај овие наводи, против актерот не беше покрената никаква кривична или граѓанска постапка.

ФОТО | Анка е Кери Бредшо: Која е Србинката која била инспирација за култната „Сексот и градот“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот