фото: instagram.com/ronaldinho

ФОТО: Синот на легендарниот Роналдињо, Жоао Мендеш потпиша за Барселона

Жоао де Азис Мореира, или подобро познат како Жоао Мендеш, синот на легендарниот фудбалер Роналдињо потпиша за Барселона.

Славниот Роналдињо пет сезони го носеше дресот на каталонскиот гигант, освои исто толку титули, и дојде до „Златната топка“.

Жоао Мендеш денеска и официјално потпиша договор со Барселона, каде пристигна на почетокот на февруари од Крузеиро.

Според најавите ќе игра во помладите категории, за У19 тимот и ќе тренира во познатата „Ла Масија“. Интересно, Роналдињо настапуваше за Гремио, големиот ривал на Крузеиро.

– Многу сум среќен и благодарен за можноста! Да живее Барса – изјави младиот Жоао Мендеш по потписот.

Роналдињо јуниор има 17 години, висок е 178 сантиметри, подобро ја користи десната нога и игра како напаѓач, иако може да игра и улога на фудбалер за врска во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!