
ФОТО | Што се случило со нејзиното лице? Ѕвездата на „Беверли Хилс“ шокираше со својот изглед
Актерката Тори Спелинг (51) која ја толкуваше улогата на Дона Мартин во серијата „Беверли Хилс, 90210“, сподели нова фотографија на Инстаграм и ги шокираше следбениците со својот изглед.
Препорачано
Имено, Тори беше на настанот „Шоуто на Холивуд“ каде потпишуваше автограми и се дружеше со обожавателите заедно со нејзините колеги од популарната серија, Брајан Остин Грин (51) и Иан Зиринг (60).

Таа позираше во фармерки и блузичка со гол стомак, но во прв план беше нејзиното лице кое речиси и не се препознава по пластичните операции. Многумина забележаa дека таа и драстично ослабела.
„Тори изгледа страшно“; „Не сакам да го судам нејзиното тело, но изгледа малку болно“; „Премногу пластични операции“, напишаа некои следбеници под нејзината фотографија на Инстаграм.

Инаку, Тори има направено голем број пластични операции низ годините. Така, нејзината прва операција се случила кога имала само 16 години, кога го коригирала носот. Подоцна призна дека ги зголемила градите и усните, а со текот на времето се шпекулираше за дополнителни процедури, вклучувајќи и употреба на ботокс и филери.
Што се однесува до нејзината фигура, таа во јули призна дека користела лекови за дијабетес за да ослабе, процес што лекарите вообичаено не го препорачуваат. Таа се осврна и на деформацијата на градниот кош што ѝ создава вдлабнатина во пределот на градите.
View this post on Instagram
Во постојана агонија: Ѕвездата на „Beverly Hills 90210“ и нејзините деца болни поради мувла