Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Северина никогаш не изгледала подобро! Пејачката го покажа сексапилното тело во бикини на Малдиви

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ деновиве ужива со цело срце на Малдивите, од каде што споделува неверојано убави фотографии.

Северина вчера објави нови фотографии на Инстаграм од волшебна плажа на Малдивите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


„Врамете ме, складирајте ме, на трошен ѕид, во старо атеље… А,јас го чекам тој повик на литар-два, аритмии кои ми скокаат по срцето, лоша глума и непотребни прашања, паѓа во вода сè кога ќе ја видам…“, напиша 52-годишната пејачка во описот на објавата. Текстот е од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери Јала Брат и Буба Корели.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Таа претходно позираше во розев, лелеав долг фустан од „Макс Мара“, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.

Северина во последните неколку дена често објавува како ужива на Малдивите. Таа на Инстаграм објави серија фотографии од летниот одмор во друштво на Андреа Чермак, снаа на генералот Иван Чермак. Андреа и беше кума на Северина на нејзината венчавка со Игор Којиќ, а познатата пејачка и возврати на Андреа на свадбата со Хрвоје Чермак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Добро друштво, добри книги, омилен парфем, море, сонце, песок… А каков убав живот. Ние две уште од 2001 година“, напиша Северина на Инстаграм.

ФОТО | Тело за 10! Северина ужива на Малдиви, ги покажа стомачните и извајаните нозе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот