Фото: Инстаграм/Северина

ФОТО | Северина на Малдиви ја чита книгата на Ведрана Рудан во која пишува за нејзиниот скандал на јахтата

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е на патување на Малдиви, од каде објавува прекрасни фотографии од себе и идиличната атмосфера на оваа островска земја.

Меѓу другото, таа сподели и сегмент од книгата „Да се умре без стрес“ („Umrijeti bez stresa“) на писателката Ведрана Рудан. Станува збор за поглавјето „Северина, Тито, јахта и јас“, во кој Рудан пишува за пејачката и нејзиниот секс-скандал од 2004 година.

„Пред сто години, Северина сними ‘филм’ кој ја оживеа покојната Југославија преку ноќ. Тогаш беа избришани сите граници во ‘регионот’. Гледавме во Северина онака како што го гледавме погребот на Тито, без зборови.

Ако некој ги праша Југословените, кои веќе не се тоа, што најмногу ги возбудило откако ги имаме тие наши земји, никој не би се сетил на големите настапи на господинот доктор Туѓман, на дерењето на дипломираниот економист Милошевиќ, името на фирерот го заборавив. Настанот на Северина нема да го заборавам.

Жената направи голем чекор за себе, уште поголем за жените. Се покажа во полн сјај. Прекрасно тело, маѓична насмевка, ентузијазам, младост…“, пишува во сегментот што го фотографирала Северина.

Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот