EPA/FELIX HEYDER

ФОТО | Семејството пред сè: Михаел Шумахер со хеликоптер бил префрлен во Швајцарија, причината е неверојатна

Иако звучи потполно неверојатно ако се земе предвид дека со години е зависен од туѓа помош и нема способност за комуникација, Михаел Шумахер наводно бил  во доволно добра состојба да лета со хеликоптер. Според британските медиуми, легендарниот Формула 1 возач минатиот месец од својата вила во Мајорка со хеликоптер пристигнал во Швајцарија за да биде со својата ќерка која се породи, пренесува „Дејли Мејл“.

Ако информацијата е точна, Михаел Шумахер бил сведок на раѓањето на неговата прва внука – девојчето Мили, родено на 29 март. Иако оваа информација не е официјално потврдена, се шпекулира дека тој бил присутен барем на кратко за да одбележи важен семеен момент.

Потсетуваме, Шумахер беше тешко повреден на скијање на француските Алпи во 2013 година, кога се здоби со сериозни повреди на главата. Лекарите го ставиле во индуцирана кома, а за време на лекувањето му биле извршени две операции на мозокот.

Неговата сопруга Корина, децата Џина и Мик и блискиот круг на пријатели и членови на семејството ги чуваат информациите за неговото здравје строго доверливи веќе 12 години. Познато е само дека Шумахер има потреба од постојана медицинска нега, а според новинарот Феликс Горнер, тој бил целосно зависен од туѓата помош и не можел вербално да комуницира.

Џина Шумахер (28) и нејзиниот сопруг Иан Бетке на Инстаграм ја споделија веста за раѓањето на малата Мили со нежна порака:

„Добредојде во светот, Мили. Родена на 29 март. Нашите срца се пополни од кога било. Неизмерно сме благодарни што те имаме во нашите животи“.

Заедно со пораката објавија и фотографија на која го држат новороденчето за рака, а објавата набрзо беше преплавена со честитки од семејството, пријателите и обожавателите на познатиот возач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Schumacher (@gina_schumacher)

Инаку, минатата година Џина и Иан се венчаа во семејната вила на Мајорка, во присуство на роднини и блиски пријатели. Меѓу гостите беше и братот на Михаел, Ралф Шумахер со неговиот партнер Етјен, чии приватни тензии со неговата поранешна сопруга исто така станаа јавни.

Не е познато дали Михаел лично присуствувал на венчавката. Неговиот близок пријател и поранешен Ф1 возач Џони Херберт подоцна изјави за медиумите дека тврдењата за неговото присуство биле „лажни вести“.

ФОТО | Михаел Шумахер со помош на сопругата успеа да потпише кацига која ќе се продава на хуманитарна аукција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот