Фото; Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Семејно патување на Каролина Гочева во срцето на Европа: Пејачката со внуките ужива во убавините на Прага

Македонската пејачка Каролина Гочева постојано е активна на професионален план, но секогаш успева да одвои и време за своето најблиско семејство и да отпатува на некоја атрактивна туристичка дестинација.

Каролина редовно споделува видеа и фотографии од нејзините патувања со своите следбеници на социјалните медиуми, а овој пат се пофали дека слободното време го поминува со нејзините две внуки на патување во срцето на Европа.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, пејачката сподели неколку моменти од прошетката низ сончевата Прага, каде може да ја видиме како ужива во бајковитата архитектура на главниот град на Чешка. Фатена за раце со своите две внуки, Каролина прошета по Карловиот мост и позираше покрај познатите знаменитости на градот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Откако ја промовираше новата песна и имаше неколку јавни настапи, Каролина дефинитивно знае како да се релаксира во друштво на најблиските.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Каролина Гочева со емотивна порака за колегите од „ДНК“: „Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот