Франческа Иствуд / Фото: Instagram / Profimedia

ФОТО | Се струполи среде улица: Ќерката на Клинт Иствуд ја „уловиле“ пијана во ноќно излегување

Франческа Иствуд, ќерка на филмските легенди Клинт Иствуд и Френсис Фишер, помина прилично дива ноќ со пријателка во Шато Мармонт во Лос Анџелес, само неколку дена откако беше откриено дека обвиненијата против неа за семејно насилство биле отфрлени, пренесуваат странските медиуми.

Очигледно, Франческа овој момент решила да го прослави со големо количество алкохол бидејќи папараците ја снимиле како се струполила на улица по излегувањето. Додека се движела кон автомобилот, паднала на улицата и пријателката морала да ѝ помогне да стане.

Фото: Roger / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Инаку, 31-годишната Франческа Иствуд беше уапсена на 12 октомври годинава, откако наводно физички се пресметала со своето момче додека возеле во Беверли Хилс. Таа плати кауција од 50.000 долари и беше пуштена од затвор. Обвиненијата против неа сега се отфрлени откако не беа пронајдени доволно докази.

Фото: Roger / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Франческа глумеше во реалити ТВ серијата „Госпоѓа Иствуд и компанија“, чија премиера беше во 2012 година. Серијата на гледачите им даде поглед на животот на семејството Иствуд, односно Франческа, нејзината тогашна маќеа Дина и полусестрата Морган.

Ќерката на Клинт Иствуд уапсена поради семејно насилство: Го натепала дечко ѝ, па била пуштена со кауција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот