Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Се продава куќата во која се снимаше култниот филм „Halloween“

Куќата во која е снимена култната франшиза „Halloween“ е на продажба за 1,8 милиони долари.

Вилата во Пасадена, Калифорнија е во сопственост на исто семејство речиси три генерации и е неверојатни 5.258 квадратни метри, во кои има четири спални соби и три бањи, пишува „Њујорк пост“ (Nypost).

„Да, ова беше локацијата за снимање на филмот „Halloween“ од 1978 година, како куќата на Лори Строд (Џејми Ли Кертис)“, навела агентката за недвижности Хајди Бабкок во описот на имотот, кој бил пуштен на продажба вчера.

„Ако го гледате филмот, ќе ја препознаете озлогласената клупа на која седеше Џејми Ли Кертис, држејќи тиква“, додала Бабкок.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа изјавила дека куќата е поделена на три посебни единици.

„Единицата бр.1 е голем стан со една спална соба со бања, дневна, трпезарија, кујна, остава, подрум и голема веранда. Втората единица има два кревети, бања и кујна, а третата има еден кревет и бања, дневна и кујна“, се наведува во описот на куќата.

Според агентката, секоја од трите единици има прекрасен поглед на околните дрвја и соседството, а „овој исклучителен имот е прекрасно место за живеење, работа и игра во една од најпосакуваните заедници во округот Лос Анџелес“.

Како што потсетува „Њујорк пост“, Кертис (64) првпат ја играше Лори Строд во култниот филм од 1978 година и ја повтори улогата неколку пати пред последното продолжение на франшизата во 2022 година.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот