Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ

ФОТО | Сања Ристиќ за здравствените проблеми: „По шест месеци пауза, влошено здравје и операција – од денеска се враќам“

Македонската инфлуенсерка и специјалист за маркетинг Сања Ристиќ е една од најследените Македонки на социјалните мрежи, каде има 30 илјади следбеници. Таа е позната по својот здрав живот и пасија за вежбање, па неретко споделува таква содржина на своите профили.

Сега таа откри дека, во последните шест месеци, имала проблеми со здравјето и дека била на операција, но дека сега повторно им се враќа на старите навики.

„По шест месеци пауза, расклимано здравје, операција и не баш одбрана исхрана, си ветив дека ќе почнам од денеска. Нека стои објавава за да ме потсети, тогаш кога ќе се обидам да забушавам, која сум вистинската јас, што најмногу ме исполнува и храни – психички и физички.

Сега почнува сезоната на вежбање, антицелулитни масажи, креми и поголемо внимание на исхраната. Друштво, ајде да го направиме ова.

П.С. Предложете ми некое место каде што има добри антицелулитни масажи. Фала ви!“

Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ

Во интервју за „Слободен печат“, Ристиќ пред некое време проговори за нејзината љубов кон вежбањето.

„Вежбањето ми е канал преку кој си ја празнам непотребната енергија, ми е огромна сатисфакција, нега на здравјето, телото и умот. Вежбам откако знам за себе и таа љубов никогаш не ми престанала“, раскажа таа.

Што се однесува до исхраната, таа е вегетацијанец и претпочита здрава храна.

„Во кујната сакам да поминам време само ако е нешто брзо и здраво. Не сум љубител на долги комплицирани рецепти. Вегетаријанец сум, сакам сè што е свежо, а слабост ми се тестенините“, раскажа Ристиќ за „Слободен печат“.

Сања Ристиќ за љубовта со Перо Антиќ: Ме прифати со сите квалитети и мани и ме нарече „мое совршенство“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот