Фото: Инстаграм/Фејсбук/Јелена Розга

ФОТО | Романса на Бол! Јелена Розга и Иван Хуљиќ уживаат во неделното кафе…

Јелена Розга го прослави 48-миот роденден со настап на Бол, а потоа уживаше во мирен ден со Иван Хуљиќ. Опуштена и среќна, таа ја нагласува важноста на приватноста и љубовта што секогаш е тука…

Јелена Розга го помина 48-миот роденден зафатено, настапувајќи на островот Бол во саботата, каде што ја воодушеви публиката со своите хитови. По настапот, пејачката уживаше во мирно неделно кафе со Иван Хуљиќ, нејзиниот партнер, далеку од животот со обврски и рефлекторите.

За оваа пригода, Јелена избрала едноставен, но префинет изглед – бела маица и фармерки, додека Иван бил лежерен во кратка маица под кошулата, бермуди и бели патики. Нивниот стил и опуштената атмосфера дополнително ја нагласиле природноста и хармонијата на нивната врска.

Фотографиите од Јелена Розга и Иван Хуљиќ можете да ги погледнете – ТУКА.

Инаку, читател на хрватскиот портал „24седам“ им ги испратил фотографиите од Јелена и Иван.

Пејачката претходно откри за српските медиуми дека, и покрај нејзиниот гламурозниот изглед на сцената, таа приватно води опуштен живот.

– Ако не сум на сцена, не се дотерувам, зошто да се дотерувам. Јас сум едноставна. Живеам во населба каде што сите ме познаваат, го шетам кучето, опуштена во патики и лесна облека, без шминка. Обично носам коњско опавче за да изгледам како дете – рекла таа низ смеа.

Нејзиното помирување со Иван Хуљиќ, синот на  хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ, исто така привлече големо внимание.

Нивната љубов започнала пред повеќе од 10 години, а сега си дале втора шанса еден на друг. Пејачката истакна дека не ги обвинува соседите што ја откриле нивната врска.

– Не сум лута на моите соседи што ја открија мојата врска со Иван. Не е дека се криевме, само сакам да ги чувам тие моменти приватни и да живеам помирно – рекла Јелена.

– Нашата љубов отсекогаш беше тука, длабоко во срцата. Само некои други околности беа присутни, па малку се разделивме. Сега сме повторно заедно и никогаш посреќни – додала таа за својата обновена врска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот