ФОТО | Рокенрол кралевите отсега и на поштенски марки: „Ролинг стоунс“ запечатени во историјата

Британската кралска пошта во вторникот објави дека ќе издаде посебен сет од 12 поштенски марки „во знак на чест на една од најдолговечните рок групи на сите времиња“ – Ролинг Стоунс.

Рокерите „владееја“ со сцената во шеесетите години, а на поштенските марки ќе бидат овековечени нивните настапи ширум светот.

На осум од нив ќе биде фронтменот Мик Џегер, гитаристите Кит Ричардс и Рони Вуд и починатиот тапанар Чарли Ватс, на концерти во различни делови во светот, од лондонскиот Хајд Парк во 1969 до Ист Рутефорд во Њу Џерси во 2019.

На преостанатите четири марки се две фотографии од сите членови заедно и два постера од нивните светски турнеи, пренесуваат од „Daily.mail“

Стоунси се „кралеви“ на рокенролот

„Малку бендови во историјата на музиката успеле да создадат толку долга, богата и експанзивна кариера како Ролинг Стоунс- изјави Дејвид Голд, директор за односи со јавност на британската пошта.

„Тие ги создадоа некои од најиконичните и најинспиративните албуми во модерната музика, а нивните настапи во живо можат да се наречат револуционерни“ – додаде тој.

Ролинг Стоунс/ЕПА
EPA-EFE/Nigel Roddis

Рок диносаурусите се основани во 1962, и се клучен бенд во историјата на рокенролот. Имаат продадено преку 240 милиони плочи во светот, бројни награди, меѓу кои и три Гремија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот