Рис Витерспун - Фото: Инстаграм

ФОТО | Рис Витерспун призна дека животот по разводот од Рајан Филип бил „страшен“: „Поминав низ пекол“

Рис Витерспун отворено проговори за нејзиниот неуспешен брак со Рајан Филип, признавајќи дека животот по разводот бил тежок – особено за нејзините деца. Рис беше во брак со нејзиниот колега Рајан Филип од 1999 до 2008 година и како што изјави за „Њујорк Тајмс“ причината зошто нивната љубов пропаднала била нивната младост, пенесува „Инстајл“.

Актерката била во раните дваесетти години кога се омажила, а подоцна ги родила ќерката Ава и синот Дикон. Таа признава дека не знаела речиси ништо за љубовта, а камоли за семејниот живот.

Разделбата од Рајан била тешка, особено за децата, бидејќи тие биле мета на фотографите.

„Папараците беа насекаде. Надвор од училиштето, во градот, тие нè следеа цело време. Знаете, тоа ни предизвикуваше напади на паника, напади на анксиозност, никогаш не бевме мирни. Нè бркаа со автомобили откако се разведов, надевајќи се дека ќе дознаат некои приказни за мене и Рајан – дека сме се скарале или нешто слично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)

Беше ужасно. Папараците им викаа на децата работи за нивниот татко или за мене што беа навистина несоодветни за нивната возраст“, рече таа, додавајќи дека нејзиниот живот бил вистински пекол во тоа време.

За среќа, тој мрачен период сега е зад нив. Откако се разведе од Рајан во 2008 година, Рис се омажи за својот сега втор поранешен сопруг, Џим Тот во 2011 година, со кого го доби синот, Тенеси.

Двојката се разведе во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот