
ФОТО | Ријана стана мајка по третпат: Пејачката роди девојче и ѝ даде уникатно име
Светската поп-ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер, раперот Ејсап Роки, ја добија својата прва ќерка и трето дете по ред. Девојчето носи име инспирирано од уметничкото име на својот татко – Роки Ајриш Мајерс, и е родена на 13 септември.
Препорачано
Ријана ја сподели радосната вест на својот инстаграм-профил, објавувајќи фотографија каде нежно ја држи ќерката во раце, заедно со симболични розови боксерски ракавици. Објавата за само два часа собра повеќе од пет милиони лајкови, а честитките од фанови и колеги пристигнуваат од целиот свет.


Пејачката и модна икона веќе има два сина со Ејсап Роки – Риза и Рајот, а токму на годинашното издание на Мет гала ја откри својата трета бременост со впечатлив фустан што ја нагласуваше нејзината трудничка линија.
„Време е да им покажеме на луѓето што готвевме“, изјави таа тогаш.
Оваа година Ријана одбележа и 20 години од издавањето на својот прв албум, а иако последниот албум „Anti“ го издаде пред речиси една деценија, фановите не престануваат да бараат нова музика.
Во меѓувреме, таа изгради империја преку своите бизниси – козметичката линија „Фенти бјути“ и брендот за долна облека „Севиџ бај Фенти“, со што нејзиното богатство според „Форбс“ надминува една милијарда долари.
ФОТО | Поради објавата на Ријана „горат“ социјалните мрежи: Пејачката конечно очекува девојче?