Големата пирамида / Фото: Pexels / Omar Ramadan

ФОТО | Ретко и возбудливо откритие: Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден во древна египетска гробница

Отпечаток од рака стар 4.000 години е пронајден во древна египетска гробница што британските куратори ја подготвувале за изложба, пишува Би-би-си.

Откриен е од истражувачи на Универзитетот Кембриџ на „куќа на душата“ – глинен предмет во облик на зграда, кој обично се наоѓа во гробници.

Кураторката Хелен Струдвик изјави дека целиот отпечаток од рака, кој датира од 2055 до 1650 година п.н.е., е „ретко и возбудливо“ откритие.

Ќе биде изложен во Музејот Фицвилијам, како дел од универзитетската изложба „Направено во антички Египет“, која ќе се отвори на 3 октомври.

„Отпечатокот е направен од творец кој го допрел пред глината да се исуши. Никогаш порано не сум видела толку комплетен отпечаток од рака на египетски предмет“, рекла Струдвик.

Изложбата е фокусирана на луѓето кои се занимавале со древни египетски занаети.

Иако се зачувани многу примери на грнчарија, многу малку детали се познати за самите грнчари, во споредба со другите древни египетски мајстори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот