Фото: Принтскрин - Инстаграм

ФОТО | Ребел Вилсон ја запроси својата сакана во „Дизниленд“

Минатата година, актерката Ребел Вилсон на својот официјален инстаграм-профил објави важна вест за нејзиниот љубовен живот. Таа потврди дека е во врска со Рамона Агрумa, дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот „Lemon Ve Limon“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Мислев дека го барам мојот принц од филмовите на Дизни… Но, можеби она што цело време ми требало била принцезата“, напиша тогаш 42-годишната актерка во објавувајќи ја првата заедничка фотографијата со својата девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

При крајот на 2022 година австралиската актерка и комичарка стана мајка. Ребел на Инстаграм објави дека добила ќерка со помош на сурогат мајка. Среќната вест актерката ја сподели објавувајќи фотографии од бајковита прослава на кои позира со многу розеви балони, плишани ечиња и украси заедно со блиски пријатели и нејзината партнерка Рамона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Среќни моменти продолжуваат да се нижат во животот на познатата актерка и оваа година. Вчера, Ребел на својот инстаграм – профил го покажа импресивниот веренички прстен што ѝ го подарила на својата партнерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Како што може да се види од фотографиите објавени на Инстаграм, актерката одлучила да ја запроси девојката во Дизниленд, во контекст на нејзините претходни изјави дека за неа Рамона е Дизниева принцеза.

„Кажавме ДА!“ – напиша Ребел до фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Таа потоа изрази благодарност до „Tiffany & Co“ за прекрасниот веренички прстен и до Боб Игер и тимот на „Disney’s Fairy Tale Weddings“ што го направиле нивниот ден уште помагичен.

„Прв семеен Божиќ“: Ребел Вилсон објави празнична фотографија со партнерката и ќерката

ФОТО | Ребел Вилсон стана мајка: Актерката во нова улога заедно со вереницата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот