Дел од модните комбинации на фестивалот „Coachella“/ Фото: Инстаграм

ФОТО | Рај за инфлуенсери: Модата на музичкиот фестивал „Coachella“

Овој викенд започна најпознатиот фестивал во светот, „Coachella“ – музички настан што се одржува во близина на градот Индио во Калифорнија. Иако првичната замисла на организаторите била да понудат квалитетна музичка програма, сепак, во последните неколку години, модата стана најважниот момент за време на овој настан.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и снимки на инфлуенсерите, кои ги прикажаа своите екстравагантни модни комбинации. Покрај инфлуенсерите, „Coachella“ е вистинска „модна писта“ и за познатите личности како Кендал Џенер, Бела Хадид и Хејли Бибер, чии модни комбинации ги диктираат модните трендови во текот на целата година.

Кратка историја на фестивалот

„Coachella“ трае три дена и секогаш се одвива во април, во „Empire Polo Club“. Фестивалот настанал благодарение на музичката група Pearl Jam и нивниот конфликт со агенцијата „Ticketmaster“.

Членовите на групата одбиле да свират во просториите кои се врзани со „Ticketmaster“, па го пронашле „Empire Polo Club“, сместен во сред пустина, и одлучиле да настапат таму за да докажат дека луѓето се спремни да отпатуваат секаде за да слушнат добра музика.

Овој концерт се случил во 1993 година, а веќе во 1999 година се случила познатата „Coachella“. Првите изведувачи биле Beck, The Chemical Brothers, Tool, Morrissey и Rage Against The Machine, а билетите чинеле само 50 долари. Уште од првата година, „Coachella“ ја стекнала титулата „анти-Woodstock“, бидејќи изведувачите биле бирани според нивниот квалитет, а не според нивната популарност на радиостаниците.

Во 2012 година, фестивалот станал толку популарен, што организаторите решиле тој да се одржува за време на два викенда во април. Иако многумина сметале дека тоа е ризичен потег, билетите биле продадени во рок од три часа.

Што се однесува до музичкиот избор, „Coachella“ нуди сѐ – од рок, до електронска музика.

Музички фестивал и моден настан

Во првите години на фестивалот, организаторите одбивале секакво спонзорство и не сакале да истакнуваат реклами на сцената, тврдејќи дека тоа е спротивно на нивните принципи и дека на сцената треба да има само музика. Во меѓувреме, како што растел фестивалот, организаторите попуштиле и се согласиле да соработуваат со некои брендови, но продолжиле да одбиваат големи реклами на сцената.

Сепак, големите модни брендови сѐ повеќе се поврзуваат со „Coachella“, па така американскиот бренд „Revolve“ го организира својот дневен фестивал во соработка со „Coachella“.

Во продолжение, погледнете ги најинтересните модни комбинации од годинашното издание на „Coachella“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!