Раде Шербеџија/Facebook
Раде Шербеџија/Facebook

ФОТО | Раде Шербеџија сподели фотографија со ќерка си Вања: По две години, конечно сме сите заедно!

Раде Шербеџија на својот Фејсбук профил објави фотографија со сопругата Ленка и нивните ќерки.

Познатиот глумец  не споделува често фотографии со јавноста, но овојпат со објавата им честиташе Божиќ на илјадници свои пријатели и објасни дека го поминал празникот со ќерката Вања, која не ја видел дури две години.

„По две години, нашата ќерка Вања дојде од далечната Австралија. Уживаме што сме сите заедно и на сите кои слават, им посакуваме среќен Божиќ“ – напиша актерот.

Фотографијата на среќното семејство ја лајкнаа преку 30.000 следбеници, а не изостанаа и позитивни коментари и честитки за успешна и среќна година до семејството Шербеџија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот