Фото: Фејсбук/Дерсут кафе

ФОТО | Првата жена со титулата најдобар бариста во Италија: Џулија Рушели е победничка на натпреварот за еспресо

Италијанката Џулија Рушели стана првата жена што го освоила првото место на националното натпреварување во приготвување еспресо и е прогласена за најдобар бариста на годината.

На натпреварот што се одржа во местото Конелјано Венето, во областа Тревизо, Рушели победи 11 други учесници. Настанот го организираше Италијанскиот институт за еспресо.

„Во рок од само 11 минути мораше да ја калибрира својата опрема – машината Rancilio Classe 20 ASB и млин-дозаторот Eureka Atom 20W со систем за вода Brita – и да покаже дека знае како да приготви четири еспреса и четири капучина“, соопшти Институтот.


Второто место во финалето го освои Тјанју Ванг од Венеција, додека трет беше Матео Колчани.

Рушели работи како бариста во бар и слаткарница „Лово“ во градот Форли, во покраината Емилија Ромања. Со оваа професија се занимава веќе 14 години, а последните четири се специјализира за техниката „лате арт“.

„Ова беше мое прво натпреварување и апсолутно не очекував дека ќе победам, дури ни дека ќе стигнам до финале. Причината поради која решив да учествувам беше да напредувам лично и професионално и да запознаам нова средина каде што сите се стручни и страсни љубители на кафето“, изјави победничката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот