
ФОТО | Прв увид во филмот „Маестро“: Бредли Купер се претвори во Леонард Бернштајн
Бредли Купер му се настрвил на Оскарот, е заклучокот кој го добивме од новите фотографии за претстојниот филм „Маестро“.
Препорачано
„Нетфликс“ објави фотографии од 47-годишниот актер трансформиран во легендарниот композитор Леонард Бернштајн на сетот на биографскиот филм „Маестро“, кој треба да биде издаден во 2023 година. Филмот, во режија на Купер, ќе прикаже 30 години од животот на Бернштајн до неговата смрт во 1990 година предизвикана од срцев удар поради прогресивен емфизем комплициран со плеврален тумор и серија белодробни инфекции, пишува „The New York Times“.
View this post on Instagram
На сликите, Купер го прикажува починатиот музичар во различни фази од неговиот живот, користејќи шминка за да го отелотвори Бернштајн во неговите постари години.
На една од промотивните слики, Бредли во ретро костум чекори со неговата колешка Кери Малиган која ја толкува улога на сопругата, Фелисија Монтеалегре. Тој потоа се појавува сосема поинаков во сцените од подоцнежниот живот на Бернштајн со бела коса, потешка фигура и протетика што ја залажува возраста.
View this post on Instagram
Стивен Спилберг требало да ја режира биографската драма, но во интервју за „Variety“, Купер истакна дека режисерот побарал од него да го глуми Бернштајн, додека тој имал контрапонуда да го напише и режира филмот.
„Му кажав на Спилберг: Секогаш имав чувство дека можам да глумам диригент, но може ли да го истражам материјалот и да видам дали можам да го напишам и да го режирам? Дали би ми дозволил да го сторам тоа?“
View this post on Instagram
„Стивен има многу интереси, тој ќе избере една работа, а сите други работи ќе бидат на чекање“, продолжи тој. „Мислам дека знаеше дека нема да го снима тој филм за брзо време, па беше доволно љубезен да ми го предаде, и тоа е она што го правам во последните четири и пол години.
View this post on Instagram
Во јануари, Купер во „The Late Show with Stephen Colbert“, сподели дека да стане диригент бил еден од неговите соништа од детството, додавајќи дека „побарал диригентско стапче од Бернштајн“ кога имал 8 години. Откри дека бил „опседнат“ со диригирање како дете и поминал „стотици часа“ вежбајќи.