Фото: ДЗС

ФОТО | Пронајдени рачна бомба и артилериска граната од Првата светска војна во паркот Галичица

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ноќеска во преспанскиот дел од Националниот парк Галичица, биле пронајдени една артилериска граната 75 милиметри  и рачна бомба, двете од Првата светска војна, по што припадници на Дирекцијата интервенирале и безбедно ги отстраниле овие експлозивни направи.

Оттаму додадоа дека пронајдените гранати веќе биле употребени, но не експлодирале и претставувале потенцијална опасност за граѓани коишто се на прошетка во природата или пак за пожарникари коишто гаснат шумски пожари во тој предел.

Артилериска граната / Фото: ДЗС

-Конкретно, артилериска граната од 75 mm со потекло од Прва светска војна била истрелана и помината низ топовска цевка, но од непознати причини не извршила активација. Опасноста за активирање, кај вакви веќе истрелани гранати, постои при дејство, удирање, врз запалката и при висока температура, на пример при пожар и слично- велат од ДЗС.

Рачната бомба, пак, е од германско производство и била одбранбена бомба од Прва светска војна со веќе активирана каписла од времето кога била фрлена, употребена.

Рачна бомба / Фото: ДЗС

Од Дирекцијата информираат дека двете неексплодирани бомби се безбедно подигнати и транспортирани на безбедно место од пиротехничарот во ДЗС Битола, Ѓорги Стефанов и овластениот пиротехничар Митко Ташков од ДЗС Гевгелија за понатамошна постапка до нивно уништување, според оперативните стандардни процедури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот