Превртена приколка со луксузни автомобили во Србија / Фото: „Икс“

ФОТО: Приколка со „Ферари“ и „Мерцедес“ се преврте на пат во Србија, луксузните коли завршија во канал

Во несреќа на магистралниот пат Прељина-Чачак во Србија денеска се случила несреќа во која се превртила приколка натоварена со луксузни автомобили „Мерцедес“ и „Ферари“, пренесе РТС.

Според информациите од полицијата, возачот од Албанија ја загубил контролата најверојатно кога му пукнала гумата на џипот, по што приколката се откачила и се превртила во длабок канал покрај патот. Возачот за среќа не е повреден.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, штетата е голема. Се работи за автомобил „Ферари СФ90 Страдале“, кој може да чини и повеќе од 650.000 евра, како и „Мерцедес АМГ ГТ купе“, чијашто цена е над 200.000 евра.

Превртена приколка со луксузни автомобили во Србија / Фото: „Икс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот