Фото: Инстаграм/Ник Томпсон

ФОТО | Прекрасна на 78 години: Хелен Мирен им пркоси на стандардите за убавина за повозрасните жени

Актерката Хелен Мирен ја краси насловната страница на новиот број на луксузното американско списание „ДуЖур“.

На возраст од 78 години, таа самоуверено застана пред објективот на модниот фотограф Ник Томпсон и успешно ја претстави староста како нешто навистина убаво.

Нејзините фотографии се речиси неуредени во програма за уредување – на нејзиното лице има оштетувања од сонце, опуштена кожа на вратот, вертикални линии на горните очни капаци и набори на рацете.

Фото: Инстаграм/Ник Томпсон

Иако порано беше крајно непожелно да се стави жена во своите седумдесетти години во фокусот на бројни филмови и на насловните страници на списанијата, денес таа слика е променета.

Неодамна „Вог“ ги собра најпознатите супермодели од осумдесетите за своето септемвриско издание. Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел и Синди Крафорд се во своите педесетти години, секоја по 20 години помлада од Хелен, но на фотографиите тие повеќе личат на кукли од излог и производи на вештачка интелигенција, а не на живи луѓе кои дишат.

Тешко е да се поверува дека оригиналните супермодели, кои го красеа речиси секое издание на „Вог“ во доцните осумдесетти и во текот на деведесетите години на минатиот век, не остареле воопшто во последните 30 години.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Овде се поставува прашањето зошто жените не можат да бидат прикажани како зрели убавици, туку постојано се подложни на „бришење“ на годините? Додека повеќето луѓе се збунуваат околу стареењето, Хелен Мирен го прави токму спротивното.

За разлика од прекрасните супермодели, Мирен целосно го прифати нејзиниот изглед таков каков што е.

Но, многумина ќе го стават фокусот на нејзините „маани“, наместо на нејзиниот дух, решителност и ентузијазам. Нешто што, очигледно, не исчезнало низ текот на нејзината долгогодишна кариера.

ФОТО | Никој не ѝ е рамен: Хелен Мирен со тиркизна коса на црвениот тепих во Кан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот