Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО: Пред 17 години победи на Евровизија, а еве како изгледа денес Елена Папаризу

Гркинката со атрактивниот изглед пред неколку години го привлече целото внимание на себе.

Гркинката Елена Папаризу победи на Евровизија во 2005 година, а нејзината песна „My number one“ тогаш стана голем хит.

Таа освен енергичниот настап, привлече внимание и со атрактивниот изглед, па така стана миленичка на многумина.

По Евровизија Елена продолжи да се занимава со музика и издаде 10 албуми, а многу нејзини песни ги обработија и пејачите од балканот.


За менаџерот Тони Мавридис беше омажена 12 години, а нивниот турбулентен развод беше доста следен во грчките медиуми.

Како што се пишуваше, Тони и Елена дошле до судир околу поделбата на имотот.


Во времето кога победи на Евросонг, Елена имаше само 23 години, а и денес е многу атрактивна, па слободно може да се каже дека за неа годините се само бројка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот