Фото: Инстаграм

ФОТО | Познатите го одбележаа Денот на благодарноста: Се потсетија на тие што најмногу им значат

Денот на благодарноста е еден од најважните американски празници. Се слави секој четврти четврток во ноември и се слави уште од самите почетоци на американската култура, но не секогаш бил национален празник ниту пак имал толку големо значење како денес. Сега е проследен со разни големи настани и генерално е повод за големи прослави и можност да се помине време со семејството.

Социјалните мрежи беа преплавени со честитки од познати личности, а многумина објавија заеднички фотографии со своите семејства и изразија благодарност за сѐ што им е дадено во животот.

„Среќен Ден на благодарноста на сите. Денеска и секој ден, да се потсетиме на важноста да ја покажеме нашата благодарност кон оние кои ни дадоа толку многу“, напиша Барак Обама.

„Среќен Ден на благодарноста, Америка. Да го искористиме овој момент за да одвоиме време од нашите зафатени животи и да се фокусираме на она што е најважно: нашите семејства, нашите пријатели, нашите соседи и фактот дека сме благословени што живееме во Америка, најголемата држава на Земјата “, напиша Џо Бајден.

Џенифер Лопез се сликаше со огорманта мисирка и се заблагодари на сите кои ја поддржуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џон Бон Џови го објави процесот на подготовка на мисирка, која е незаменлив дел од обилниот оброк на секое американско семејство за време на празниците.

Рајан Рејнолдс напиша дека ја гледа комедијата „Авиони, возови и автомобили“ од 1987 година неколку пати годишно, но повеќе ја доживува за време на Денот на благодарноста. „Ми недостига сè за Џон Кенди“, напиша тој, мислејќи на актерот и комичар кој почина во 1994 година на 44-годишна возраст.

Софија Вергара објави семејна фотографија од островот на кој често одмара со семејството кое го нарекува Casa Chipi Chipi. Подоцна таа сподели и фотографија од раскошната празнична трпеза во која уживала со своите најблиски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Исто така, актерот Брус Вилис го помина тој ден со своето семејство. Неговата ќерка Талула Вилис на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од времето со нејзиниот татко и сестра Скаут. „Благодарни“, напиша Талула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

На фотографиите Брус седи на каучот со насмевка на лицето, опкружен со своите ќерки. Во раката го држи знакот „најдобар татко“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот