
ФОТО | Познатата комичарка синоќа го шокира Холивуд со драстично потенка фигура: Мелиса Мекарти буквално се преполови
Холивудската актерка Мелиса Мекарти синоќа се појави на доделувањето на наградите на здружението на продуцентите во Лос Анџелес, а јавноста ја изненади со драстична промена, таа практично се преполови!
Препорачано

Познатата 53-годишна комичарка на црвениот тепих пристигна во придружба на нејзиниот сопруг Бен Фалконе, а двојката беше совршено стилизирана: актерот одлучи да ја усогласи бојата на неговиот костум со онаа на неговата сопруга. Актерката, како и обично, ја красеше широка насмевка, а навистина одамна не изгледала толку добро.
Славната Американка со години води битка со килограмите, а како што и самата призна, го носела речиси секој конфекциски број што постои – од S до XXXL.

„Во еден момент во моите 20-ти бев во одлична форма, но не го ценев тоа. Носев големина S и M, но тогаш мислев дека треба да биде XS или XXS. Сега чувствувам како да имам две одлични деца и најдобриот сопруг на планетата, а за сè друго треба работа на тоа“, коментира таа, додавајќи дека се прифатила себеси и својата тежина во 30-тите години, а и дека нејзиниот сопруг исто така ѝ помогнал многу за да се чувствува удобно во сопствената кожа.
“Тој е секогаш полн со љубов, љубезен и добар. Тој е исто така смешен и да бидам искрена, најчудниот човек што го познавам”, рекла таа.

Мелиса открила дека ослабела преку 35 килограми, но не прецизирала како го направила тоа. И додека во минатото практикуваше диета базирана на висок внес на протеини и интензивно вежбање во теретана, сега не спомна како ослабела, туку дел од заслугата за губењето и одржувањето на сегашната тежина ја препиша на тоа што таа престанала да се грижи. Инаку, таа имала околу 125 килограми пред да почне да работи на својата нова фигура.
„Конечно си реков: „Ох, побогу, престани да се грижиш за тоа. И тоа можеби е најдоброто нешто што сум го направила“, коментирала таа и признала дека сепак очекува нејзината тежина да варира во иднина.