Фото: EPA/WILL OLIVER

ФОТО | Познатата актерка изгледа 20 години помладо: Новата фризура не е за Бриџит Џонс, ова е некоја Рене која не ја познаваме

Рене Зелвегер е пресреќна поради четвртиот дел од сагата за Бриџит Џонс, но има и причина да биде возбудена поради нејзиниот нов имиџ. Имено, Зелвегер сврте „нов лист“ и има фризура која ги воодушеви сите нејзини обожаватели. Како четвртиот дел од популарната романтична комедија да не беше доволно возбудлив, Бриџит Џонс реши да се потстрижи драматично.

Холивудската актерка ги отфрли своите препознатливи русокоси прамени и дебитираше со модерна, слоевита пикси фризура на насловната страница на британскиот „Вог“ која зрачи со смелост и стил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Стилистот на познатата актерка, Сид Хејс, откри дека инспирацијата за оваа трансформација ја добил гледајќи ги гламурозните фризури на Дејвид Боуви.

„Кога ќе скратите нечија коса толку кратко, таа личност мора навистина да ја сака промената. Тоа е повеќе од обична фризура – тоа е став“, изјави Хејс за „Вог“. Според него, Рене ни за момент не се двоумела: „Ова не беше фризурата на Бриџит Џонс, туку на Рене Зелвегер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Syd Hayes (@sydhayeshair)

Хејс опиша и како настанал овој впечатлив изглед. Тој користеше машинка за да создаде ултра-краток рез околу тилот, додека со ножици ги обликуваше слоевите на врвот.

Ја обликуваше косата во различни насоки со фен, давајќи и текстура и движење што потсетува на иконскиот стил на Боуви. Крајниот резултат е дополнително нагласен со производи кои и даваат на косата малку „неуреден“, но софистициран „гранџ“ изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот