Фото: Maria Laura Antonelli / Avalon / Profimedia

ФОТО | Позната италијанска манекенка на 17 години останала без нога: Синоќа блесна на црвениот тепих во Венеција

На синоќешната премиера на филмот „The killer“ на 80-иот филмски фестивал во Венеција имаше многу ѕвезди, но најголема хероина меѓу нив беше Нина Рима, жена која со својата животна приказна докажа дека знае што е храброст и вистинска животна сила.

Нина Софи Рима е млада инфлуенсерка и манекенка на која и е ампутирана левата нога поради сообраќајна несреќа. Во април 2022 година, таа стана мајка на Ела Ноа Нолфо, ќерка со нејзиното сегашно момче Џузепе Елио Нолфо. Во минатото таа учествувала и во натпреварот за Мис Италија Ломбардија 2018 година.

Фото: Maria Laura Antonelli / Avalon / Profimedia

„Мојата приказна е приказна за дете кое имало совршено детство, но кое набрзо морало да се соочи со реалноста и сфатило дека совршенството не постои. Кога имав 13 години, морав да научам како да се извлечам од неволја, додека на возраст од 17 години доживеав сообраќајна несреќа во која за малку ќе го изгубев животот, сфатив дека не само што не постои совршено семејство, туку и дека не постои совршенство во убавината“, изјави Нина Рима, ѕвездата на Филмскиот фестивал во Венеција.

Нина, која сака да се нарекува „бионичка“ манекенка, носи протеза која гордо ја покажа на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.

„Често слушам дека сите сме исти, но не се согласувам бидејќи не сме сите исти, сите имаме своја форма на убавина. Не смееме да се плашиме од различноста, не смееме да се плашиме од тој збор , нашето битие, нашата суштина. Напротив, треба да се чувствуваме уникатни “, додаде Нина, која е среќно мажена и е мајка на мало девојче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!